Мауро Икарди најде начин да го напушти Интер како слободен играч?

“Сапуница” Мауро Икарди го одбележа вториот дел од сезоната на „Џузепе Меаца“. На Икарди му беше капитенската трака, одби да игра и сето тоа поради (не) продолжување на договорот.
Икарди одби да ја продолжи соработката со Интер и, наводно, ја изгуби капитенската трака кога дознаа за нивниот договор со Јувентус кој го склучил зад нивни грб.
Антонио Конте го презеде кормилото на Интер, и набргу потоа Икарди беше информиран дека не е дел од неговите планови за новата сезона и дека тренерот не го сака во пред сезонскиот камп.
Мауро Икарди, наводно, одбива различни понуди, бидејќи го сака само Јувентус. Сепак, Икарди има договор со Интер, па тој ќе мора некако да ги принуди лидери на овој клуб да ја намалат неговата цена ако сака „Старата дама“ да го купи.
Сега, сепак, Икарди и неговиот менаџер (и сопруга) Ванда дојдоа до нова идеја.
Тој ќе се обиде да го расине договорот со Интер, со тоа што ќе тужи клубот.
„Ла Републиблика“ шпекулира дека Икарди може да го тужи Интер за мобинг, вознемирување на работното место, првенствено со заплашување и изолација од остатокот од колективот и бара предвремено раскинување на договорот.
Ако Икарди е принуден да тренира одделно од тимот, италијанските медиуми шпекулираат дека Мауро и Ванда би можеле да имаат шанса на суд, врз основа на преседанот што го постави случајот Горан Пандев. Имено, Нашиот репрезентативец го тужеше Лацио за неговиот договор со овој клуб да биде раскинат пред време.
Ако Икарди ја добие тужбата, тој веднаш може да го напушти Интер како слободен играч, бидејќи неговиот договор со Интер, кој ќе важи до 2021 година, ќе престане да важи.
Се чини дека сапуницата продолжува …



