ФОТО: Мауро Икарди се врати во Милано!
Д М20 мај 2020

Мауро Икарди е член на ПСЖ последните десет месеци, каде пристигна минатото лето од Интер.
Икарди пристигна во францускиот главен град на едногодишен заем со право на откуп, но сè уште не е познато дали ПСЖ ќе ја активира клаузулата.
Како што заврши францускиот шампионат, аргентинскиот напаѓач се врати во Милано каде што го чекаат неговата сопруга Ванда Нари и децата.
Икарди објави стори на Инстаграм од неговиот стан со поглед на „Сан Сиро“ каде играше многу години, но прашање е дали тоа ќе биде случај и следната сезона.

Патем, десетмесечното патување на Аргентинецот во Париз беше доста ефикасно. На 31 натпревар, тој успеа да постигне 20 голови, додека го освои и првиот трофеј во кариерата – титулата шампион на Франција.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



