SportM
Други

Мажите и жените се различни – Над 40.000 спортисти се потпишале на петицијата против трансродовите лица!

Редакција5 дек 2024
Мажите и жените се различни – Над 40.000 спортисти се потпишале на петицијата против трансродовите лица!

Фото: tv21m

На претставниците на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) во седиштето во Лозана, Швајцарија им е доставена петиција со 40 илјади потписи на спортисти од различни земји. Документот повикува на заштита на „женскиот спорт, личниот простор и основната правичност“ наспроти редовното појавување на поранешни мажи на женските натпревари и во женските соблекувални.

– Мажите и жените се различни. Нивните физички разлики им даваат на мажите спортски предности. Научното истражување ја поддржува оваа реалност. Оваа политика ги става чувствата над правдата и идеологијата над вистината, се наведува во писмото.

Американската пливачка Рајли Гејнс е една од иницијаторите на петицијата.

-Жените постојано изразуваа загриженост за безбедноста, приватноста и правичноста во женскиот спорт. ИОК мора да заземе став за заштита на правата на жените ширум светот, спасувајќи го нашиот спорт – не само за сегашната генерација на спортистки, туку и за малите девојчиња кои сонуваат еден ден да освојат злато.

На последната Олимпијада имаше бурни реакции поради настап на трансродови лица на женскиот боксерски турнир.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.