Мбапе: Бев во контакт со Флорентино Перес 10 години пред да му се придружам на Реал

Килијан Мбапе даде интервју за весникот „AS“, каде што зборуваше и за неговиот трансфер во Реал Мадрид и односот со претседателот Флорентино Перес. Францускиот напаѓач вели дека претседателот на „лос бланкос“ се обидувал да го донесе во тимот многу години пред да успее.
„Тој беше човекот што ме донесе тука. Бевме во контакт десет години пред да дојдам. Тој секогаш покажа разбирање и поддршка за секоја одлука што ја носев, било позитивна или негативна, во врска со Реал Мадрид“, рече Мбапе.
„Тој секогаш ми велеше дека еден ден ќе играм за Реал Мадрид, и еве ме. Јас сум многу среќен. За тоа, морам да му се заблагодарам за сè што направи и продолжува да прави за мене. Тој е најдобриот претседател во светот“, додаде Французинот.
Тој признава дека последната година во ПСЖ му била тешка: „Не е сè јавно познато. Тоа е дел од патот на мојот живот. Не мислам дека ми е потребно да критикувам некого по две години. Беше извонредно тешко, но тоа е минато и беше уште еден чекор што требаше да го направам за да ја реализирам мојата сон“.



