Connect with us

Фудбал

Мбапе двапати во Реал

Килијан Мбапе нема да биде единствениот Мбапе во тимот на Реал следната година.

 

Заедно со него во Мадрид ќе замине и неговиот помлад брат Итан, кој во моментов е и член на Пари Сен Жермен.

Мбапе Јуниор има само 17 години и игра на позицијата централен играч за врска. Годинава за францускиот шампион одигра само три натпревари.

Според информациите од Франција, Килијан во преговорите со Флорентино Перез побарал со него во пакет да оди и неговиот помал брат, кој според експертите го нема ни приближно истиот квалитет како Килијан.