Мбапе е еден од најплатените спортисти во светот
Д М30 мар 2023

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе е најплатениот играч во францускиот шампионат и еден од најплатените спортисти во светот, со бруто месечна плата од шест милиони евра, објави денеска францускиот весник Екип.
Зад светскиот шампион од 2018 година и вицешампионот од 2022 година се неговите соиграчи од ПСЖ Нејмар (3,675 милиони евра) и Лионел Меси (3,375 милиони евра), а во првата десетка има само фудбалери од актуелниот шампион на Франција.
Во првите 16 најплатени играчи има само двајца фудбалери кои не се во ПСЖ, Висам Бен Једер од Монако (650.000 евра месечно) и Џордан Верет од Марсеј (550.000 евра).
Весникот Екип на почетокот на пролетта објавува вакви рангирања.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



