Connect with us

Фудбал

Мбапе е на прагот на Реал Мадрид

За летото се подготвува голема трансфер бомба.

Имено, Килијан Мбапе од ПСЖ ќе премине во Реал Мадрид.

За тоа се пишува долго време, а италијанскиот новинар Џанлука ди Марцио тврди дека се е договорено.

Мбапе на лето станува слободен, а Ди Марцио наведува дека веќе постигнал договор со Кралевите.

„Само огромно изненадување може да го уништи овој бизнис“, тврди тој.

Да потсетиме, Мбапе пристигна во ПСЖ од Монако во летото 2017 година и четири пати беше француски шампион со парижаните, но следен предизвик е Лигата на шампионите во која стигна до финалето каде во 2020 година беа поразени од Баерн Минхен.

Сезонава постигна 18 гола на 26 натпревари и им подели 15 асистенции на соиграчите.

Реклама

Facebook

Реклама