Мбапе како да не е дел од ПСЖ: Оваа фотографија го покажува тоа

Според француските медиуми, Килијан Мбапе силно сака да го напушти ПСЖ до крајот на преодниот рок.
Веднаш по доаѓањето на Лионел Меси во ПСЖ, неколку истакнати француски новинари објавија дека Мбапе бара да си замине.
Неговата желба е да се пресели во Реал Мадрид. Кралевите наводно се подготвени за „операција“ за негово доведување и се споменува бројка од 120 до 150 милиони евра за овој трансфер.
View this post on Instagram
Дека Мбапе не се грижи премногу за престојот во Париз, покажува и фотографијата од роденденот на шпанскиот фудбалер Андер Ерера.
Речиси сите први играчи на ПСЖ, вклучувајќи ги и Лионел Меси, Нејмар и Анхел Ди Марија, дојдоа да го прослават 32 -от роденден на својот соиграч, а Мбапе не беше присутен.
View this post on Instagram
Многумина тврдат дека ова е уште еден доказ дека францускиот напаѓач сака да си замине и нема да биде изненадување доколку го напушти клубот до крајот на преодниот рок.
Ќе видиме за две недели дали тоа навистина ќе се случи кога ќе заврши преодниот рок во најсилните лиги во Европа.



