SportM
Фудбал

Мбапе му рече на ПСЖ дека сака да оди, давајќи предност на клубот од Англија

Д М2 мар 2021
Мбапе му рече на ПСЖ дека сака да оди, давајќи предност на клубот од Англија

Клијан Мбапе е подготвен да го напушти Париз и веќе е познато во кој клуб сака да ја продолжи кариерата.

Многу великани ќе се натпреваруваат за талентираниот француски репрезентативец, а тој најмногу се поврзуваше со Реал Мадрид. Сепак, британски Тајмс сега ја носи веста дека фаворит на Мбапе е Ливерпул.

И покрај астрономската сума на пари потребни за купување на Мбапе, Ливерпул сè уште ја разгледува можноста за летото, а репортерот на Тајмс, Данкан Кастлс е убеден дека играчот е подготвен да игра точно на „Енфилд“.

Кастлс објасни дека играњето во Премиер лигата е сон на Мбапе и дека покрај Ливерпул, има друг клуб кој го сакаат Мбапе, а тоа е Манчестер Јунајтед, додека играчот сигурно ќе биде во искушение од поканите на Реал Мадрид и Барселона.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.