„Мбапе, не грижи се, ќе освоиш повеќе од еден Мундијал“

Главниот судија на финалниот натпревар на Светското првенство во Катар помеѓу репрезентациите на Аргентина и Франција (3:3, 4:2 пенали), Шимон Марчињак детално зборуваше и разговараше со играчите на поразената репрезентација.
„Французите ни се заблагодарија што судевме по натпреварот. Разменив неколку зборови со Уго Лорис и се збогував со Оливие Жиру, со кого отсекогаш сум имал многу добри односи. Рече дека тоа е тешка игра“, истакна Марчињак и додаде:
„Потоа разговарав со Мбапе, кој беше веројатно најемотивниот. По она што се случи, тој не се задоволи со титулата најдобар стрелец на турнирот. Му честитав на игрите и реков дека ми е жал што загуби. Се прегрнавме и му реков да не се грижи, бидејќи ќе освои повеќе од еден пехар“.
Напаѓачот на ПСЖ веќе го освои Светското првенство со францускиот тим во 2018 година. Следното Светско првенство ќе се одржи во 2026 година во три земји – САД, Канада и Мексико.
This is SENSATIONAL refereeing. Cannot tell you how hard it is to detect a simulation offence like this, let alone with minutes left in the World Cup Final. Well done Szymon Marciniak 👏🏻👏🏻👏🏻 pic.twitter.com/TtrO5HBB33
— Jason Keen (@Jason_Keen) December 18, 2022



