SportM
Фудбал

Мбапе по никоја цена нема да го напушти ПСЖ

Д М10 авг 2023
Мбапе по никоја цена нема да го напушти ПСЖ

Фото: PARIS, FRANCE – JUNE 03: Kylian Mbappe of Paris Saint-Germain in action during the Ligue 1 match between Paris Saint-Germain and Clermont Foot at Parc des Princes on June 03, 2023 in Paris, France. (Photo by Julian Finney/Getty Images)

Како што пренесува Sky Sports, Килијан Мбапе ги известил челниците на Пари Сен Жермен дека по никоја цена нема да го напушти клубот ова лето.

Затоа неговата ситуација ќе остане иста, тој ќе биде надвор од тимот и нема да игра до крајот на сезоната, додека не му истече договорот со клубот.

Мбапе наводно е незадоволен од трансфер политиката на парижаните, а минатото лето потпиша нов договор со верба дека во клубот ќе му се приклучат Роберт Левандовски и Бернардо Силва.

ПСЖ, пак, веќе се подготвува за „живот без Мбапе“ и сака да им испрати порака на останатите играчи дека никој не е поголем од клубот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.