Мбапе „уловен“ како ужива со шпанската актерка (ФОТО)

Капитенот на француската фудбалска репрезентација, Килијан Мбапе, слободните денови ги минува на Сардинија, каде што повторно беше забележан во друштво на шпанската актерка Естер Експосито. Нивните заеднички фотографии од луксузна јахта предизвикаа голем интерес во јавноста и дополнително ги разгореа шпекулациите дека меѓу нив има романтична врска.
Фудбалската ѕвезда и актерката, позната по улогата во популарната серија „Елита“, беа фотографирани во ексклузивното летувалиште Порто Черво, каде што уживаа во релаксиран ден на море. Подоцна тие беа видени и на заеднички ручек.
Kylian Mbappé et Ester esposito en vacances 🤍 pic.twitter.com/2Wkubn0RWB
— Zynea (@Zyana7iZyana) July 28, 2026
На фотографиите Мбапе, облечен во зелени шорцеви за капење, опуштено престојува на јахтата и во еден момент го проверува својот мобилен телефон, додека Естер Експосито, во темноцрвено бикини, се сонча и ужива во летниот ден.
Ова не е првпат двајцата да бидат забележани заедно. Пред неколку недели странските медиуми објавија фотографии на кои, наводно, држејќи се за раце, го напуштаат ноќен клуб во Мајами по завршувањето на Светското првенство во 2026 година.
Иако во последните месеци сè погласно се шпекулира за нивниот однос, ниту Мбапе ниту Експосито досега јавно не ги коментираа наводите за можна романса.
View this post on Instagram



