Мелиќи од Шкендија за дебитанскиот повик за Македонија: Ова за мене е привилегија, но и обврска!

Прв повик во А репрезентацијата доби Анес Мелиќи, фудбалер на Шкендија. За него, дебито во најдобриот национален тим е голема чест, но и обврска. Тој денеска пристигна на собирот на репрезентацијата, по што ќе почнат и подготовките за мечевите од Лигата на нации.
-За мене е привилегија да бидам дел од овој тим. Имаме четири многу тешки натпревари, но мислам дека прво треба да мислиме на Швајцарија. Сите знаеме каков противник е Швајцарија. Дај Боже, со Господ напред, да оствариме позитивен резултат. Нормално дека очекувам настап и секоја минута што ќе ми ја даде селекторот ќе дадам максимум“, вели Мелиќи.
Првата можност за потврда на амбициите, македонските фудбалери ќе ја имаат на 26 септември, кога Македонија во Скопје ја пречекува Швајцарија.



