Connect with us

Фудбал

Мемфис Депај постигна договор со Барселона!

Лион е свесен дека ќе остане без Мемфис Депај, па сака да го продаде ова лето за да заработи пари од неговиот трансфер.

Холанѓанецот е една од првите желби на новиот тренер на Барселона, Роналд Куман, и се чини дека офанзивниот играч е многу близу до трансфер на „Камп Ноу“.

Истакнатиот спортски новинар Фабрицио Романо пишува дека Депај, откако беа воспоставени контакти пред неколку дена, постигна договор со Барселона за личните услови на договорот.

Сепак, преговорите што треба да доведат до конечен договор меѓу Барселона и Лион се уште траат.

loading...

Во изминатите неколку дена може да се прочита каде се тврди дека Лион сака 30 милиони евра за Депај, додека Барселона во моментов го „проценува“ на 20-25 милиони евра.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com