SportM
Фудбал

Менаџерот прозборе: Позната новата дестинација на Лаутаро Мартинез?

Д М12 апр 2020
Менаџерот прозборе: Позната новата дестинација на Лаутаро Мартинез?

Еден од најбараните фудбалери денес има желба да се испроба во Шпанија, а дали тоа ќе се случи останува да се види.

Лаутаро Мартинез е сигурно еден од најбараните фудбалери на денешницата.

Многу клубови сакаат да го потпишат овој одличен фудбалер и заминувањето од Интер е скоро сигурно.

Интересна изјава за шпанските медиуми имаше и еден од големите фудбалски менаџер.

„Моментално е во Интер, но во иднина ќе биде во Шпанија“.

Барселона е првиот фаворит за неговиот потпис. Шефовите на клубот, како што се шпекулираат во тамошните медиуми, избираат меѓу него и Нејмар, при што Бразилецот е многу поскапа опција.

Едно е сигурно, нè чека интересен преоден рок, а каде ќе заврши овој голем фудбалер останува да се види.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.