Меси често посакува обичен живот: Има моменти кога би сакал да не бев славен

Лионел Меси, заедно со Кристијано Роналдо, ги одбележаа последните 15 години во фудбалот.
Ова дуо доминираше во изборот за најдобар играч во светот, но за жал и двајцата влегуваат во самиот финиш на својата кариера и ќе ги гледаме на теренот уште само неколку сезони.
Меси минатото лето беше во центарот на вниманието на светската јавност. Многу се зборуваше за негово напуштање на клубот, но на крајот тој остана во Барселона.
На Меси не му е лесно да се носи со големиот притисок на „Камп Ноу“, а тој призна дека некогаш би сакал да биде целосно непознат и дека би сакал да ужива во нормални работи.
“Вистина е дека имам бројни привилегии во животот. Сепак, има моменти кога би сакал да не бев славен и да можев да уживам во обични работи како што се одење на пазар, кино, ресторан”, рече Меси.



