SportM
Фудбал

Меси до Левандовски: Вие ја заслужувате Златната топка

Д М30 ное 2021
Меси до Левандовски: Вие ја заслужувате Златната топка

Лионел Меси синоќа по седми пат ја освои Златната топка.

Аргентинскиот репрезентативец е избран за најдобар фудбалер на светот за 2021 година во изборот на францускиот магазин Франс Фудбал, а триумфираше пред Роберт Левандовски.

Меси минатата година го освои првиот голем трофеј со Аргентина – Копа Америка, а покрај тоа беше единствениот на ниво кога е во прашање Барселона.

Минатата сезона одигра 49 натпревари и постигна 40 гола со 16 асистенции. Со Барса го освои Копа дел Реј и беше најдобар стрелец на шпанската Ла Лига и Копа Америка.

Меси претходно ја освои Златната топка во 2009, 2010, 2011, 2012, 2015 и 2019 година.

На доделувањето Меси призна дека наградата ја заслужува и Левандовски. Напаѓачот на Баерн требаше да ја добие Златната топка минатата зима, но поради пандемијата на коронавирус, доделувањето  на награда беше откажано.

„Сите знаат и сите се согласуваме дека требаше да бидеш победник минатата година. Се надевам дека Франс Фудбал ќе ти ја додели Златната топка за 2020 година. Сите веруваме дека ја заслужуваш и ќе ја имаш дома“, рече Меси.

„Неверојатно е да се биде повторно овде. Денеска морам да бидам во Париз и многу сум среќен. Навистина сакам да продолжам да се борам за нови предизвици. Не знам колку ми преостана, но се надевам дека е многу затоа што го сакам фудбалот. Им благодарам на сите мои соиграчи од Барса, ПСЖ и Аргентина. Нешто ми недостасуваше, но тоа се смени оваа година со освојувањето на Копа Америка. Тоа беше посебна ноќ за мене“, додаде Меси.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.