Меси дојде на неколку дена во Саудиска Арабија и се враќа дома со десет милиони евра

Лионел Меси вчера пристигна во Саудиска Арабија на краток одмор, но сепак ќе заработи многу пари.
Имено, Меси вчера пристигна во Џеда во друштво на своите пријатели и соиграчи од ПСЖ Леандро Паредес на неколку слободни денови, што за многумина беше изненадување.
Сепак, Меси на аеродромот во Џеда беше пречекан како вистински крал, а беше пречекан од министерот за туризам на Саудиска Арабија, Ахмед Ал Хатиб, кој не го криеше ентузијазмот за доаѓањето на Меси.
Но, медиумите во оваа земја објавија дека Меси без причина не пристигнал во Саудиска Арабија и дека за неколку дена одмор ќе заработи многу пари.
Меси дојде во Џеда да потпише договор со оваа земја каде сега ќе ја има улогата на спортски амбасадор на Саудиска Арабија.
Наводно, Меси како амбасадор на спортот ќе заработи околу десет милиони евра, па ова е спонзорски договор кој Аргентинецот едноставно не можел да го одбие. Многумина веруваат дека Саудиска Арабија направила одличен потег бидејќи го земала Меси за свој спортски амбасадор и веруваат дека тоа ќе им се исплати.
“Драго ми е што бев домаќин на Меси во Саудиска Арабија. Возбудени сме што ќе имаме можност да ги истражиме богатствата на Црвеното Море и нашата долга историја. Ова не е прв пат да не посети, но секако не и последен” напиша Ал Хатиб.
Welcome to Saudi Arabia, #Messi! 🙌
From The Red Sea to historic Jeddah, the adventure of a lifetime awaits.💚 to welcome the international soccer star. #VisitSaudi pic.twitter.com/XHHTe9hwXp
— Visit Saudi (@VisitSaudi) May 10, 2022



