Фудбал
Меси доживеа тежок пораз во финалето, Суарез повторно ја згрозил јавноста: Го плукнал во лице тренерот на противничкиот тим (ВИДЕО)

Хаотичното финале на Лигата Куп, во кое играат екипи од САД и Мексико, заврши со победа на Сиетл Саундерс со резултат 3:0 против Интер Мајами, што значи дека Лионел Меси остана без трофеј.
Сиетл со убедливи 3:0 го надигра немоќниот состав на Интер Мајами, предводен од Лионел Меси и Луис Суарез.
Саундерс поведоа во 26. минута со гол на Осазе де Росарио, а голови немаше до самата завршница. Тогаш домашниот тим на „Лумен Филд“ ги реши сите дилеми околу победата.
Александер Ролдан погоди од белата точка за 2:0, а конечниот резултат и печат на натпреварот го постави Пол Ротрок во 89. минута.
Така Меси остана без трофеј поради тешкиот пораз во финалето, но светот повторно го виде „дивјаштво“ на Луис Суарез.