Меси е поголем од клубот: Бартомеу е подготвен да си даде оставка, доколку Аргентинецот остане!
Д М25 авг 2020

Барселона вечерва би можела да остане без претседател.
Откако Меси му соопшти на управата на клубот дека сака да го напушти клубот, токму претседателот на Барселона повика итен состанок.
На таа средба, некои директори поднесоа оставки, додека други потпишаа иницијатива за недоверба против нивниот сегашен претседател.
На крајот на краиштата, како што објавија шпанските медиуми, но и Би-Би-Си, Бартомеу понудил да си даде оставка од позицијата претседател, но под еден услов.
Тој услов е дека Меси ја менува својата одлука и дека останува во Барселона и следната сезона. Се чини дека Бартомеу сака да замине на крајот како „добротвор“.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



