Connect with us

Фудбал

Меси е прв со два промашени пенали на Мундијалот

Лионел Меси не успеа да го реализира пеналот на натпреварот против Полска во последното коло од групната фаза на Светското првенство.

Интересно е што Меси успеа да промаши пенал и на второто последователно Светско првенство.

Пред четири години во Русија неговиот удар од белата точка го спречи голманот на Исланд. Така капитенот на аргентинската селекција стана првиот играч во историјата на Светските првенства со два промашени пенали.

Сепак, интересна е споредбата што ја направи еден навивач, според кого ова треба да биде добар знак за Аргентинците.

Двата пати Аргентина стана светски шампион, нивниот најдобар играч промаши пенал во третото коло од групната фаза.

Во Аргентина во 1978 година тоа беше Марио Кемпес, а во 1986 година Диего Марадона.