Поврзи се со нас

Фудбал

Меси експлодира: Уморен сум да ме обвинуваат за проблемите на сите

Лионел Меси реагираше остро на коментарите на Ерик Олхатс, поранешниот менаџер на Антоан Гризман, дека Аргентинецот е наводно виновен за неуспехот на Французинот во Барселона, велејќи дека се чувствува уморен да го носи на раменици секој неуспех што се случува на „Камп Ноу“ .

Реакцијата на Меси доаѓа откако чичкото на Гризман, Емануел Лопес и неговиот поранешен менаџер го обвинија Аргентинецот за проблемите на „Камп Ноу“, велејќи дека тој е причина за нив.

Меси и Барселона имаа лоши односи минатата година, поради неуспехот на клубот внатре и надвор од теренот. Барса ја заврши сезоната 2019/20 без трофеи и се посрамоти во Лигата на шампионите губејќи со 8:2 од Баерн Минхен.

Меси, кој се враќаше во Барселона од Аргентина, каде беше на должност со националниот тим за квалификациските натпревари за СП 2022 година, беше прашан на аеродромот „Ел Прат“ за коментарите на Олхатс.

„Уморен сум да ме обвинувам за сè“, изјави Меси.

loading...

Facebook