Меси ги предизвика челниците на Барселона, но коментарот на Суарез надмина се

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез вчера беше официјално претставен како ново засилување за Атлетико Мадрид.
Суарез пристигна во Атлетико од Барселона за само два милиони евра, и потпиша двегодишен договор. Јасно е дека Уругваецот не сакаше да го напушти каталонскиот клуб, но челниците на Барселона го избркаа на начин што не го заслужуваше.
Неговото збогување крена голема прашина бидејќи Суарез одби да се фотографира со претседателот Бартомеу и не го поштеди од коментар. Но, тој засени сè со прошталното писмо на Меси во кое ги прекори челниците на клубот.
“Вие заслуживте да заминете поради тоа што сте – како еден од најголемите фудбалери во клупската историја – кои правеа важни работи за групата, но исто така и индивидуално. Не заслуживте да ве исфрлат како што тоа го направија. Вистината е дека во овој момент, повеќе не сум изненаден ниту од нивните постапки. Ви посакувам се најдобро во иднина. Те сакам и ќе се видиме наскоро”, напиша Меси, меѓу другото.
Суарез беше воодушевен од неговата порака бидејќи тие се одлични пријатели, па Уругваецот реши да му одговори и уште еднаш да покаже што мисли за луѓето кои ја водат Барселона.
“Ти благодарам, пријателе, за твоите зборови, но уште повеќе ти благодарам за тоа што си, што си со мене и моето семејство од првиот ден. Јас секогаш ќе му бидам благодарен на Лео Меси како човек, смешен и чувствителен, бидејќи секој знае каков играч си. Не заборавај дека ти реков: ‘Продолжи да уживаш и покажи дека ти си оној за големите работи’ и дека 2, 3 или 4 луѓе не можат да избришат колку си огромен за клубот и за фудбалот во светот. Те сакам многу пријателе и ќе ни недостигаш “, рече новиот напаѓач на Атлетико Мадрид.



