SportM
Фудбал

Меси го напушта Париз и троши пари за враќање во Барса!

Д М3 апр 2023
Меси го напушта Париз и троши пари за враќање во Барса!

Лионел Меси нема да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен и прва опција повторно му е – Барселона.

Каталонија беше неговата единствена опција пред две години, но тогаш останувањето беше невозможно, за разлика од сега.

Една од најсигурните новинарки Вероника Брунати денеска испрати јасна порака – „Меси нема да го продолжи новиот договор и се оди кон негово враќање во Барселона“.

Каталонските медиуми пренесуваат дека една компанија добила „аванс“ и сметка за купување на комплетна теретана вредна 100.000 евра на името на Лионел Андрес Меси.

Исто така, од Париз доаѓа вест дека Антонела Рокоцо веќе го известила училиштето во главниот град на Франција дека следната година нема да оди во истото училиште.

Последната информација е формулата за трансфер, односно приходите на Меси кои ќе бидат зголемени со нови спонзорски договори. Исто така, Меси ќе добие дел од парите од продажбата на дресовите и ќе има посилни „авторски“ права.

На овој начин Барса ќе балансира повеќе фер-плеј и ќе ја покрие платата на Меси која најмалку му е важна на Аргентинецот во моментов.

За Меси едноставно нема други опции во Европа каде се уште сака да игра, единствено што треба да направи е Барса да направи место во касата…

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.