Connect with us

Фудбал

Меси го повреди коленото, нема да игра против Мец

Лионел Меси не е меѓу играчите кои вечерва ќе играат за ПСЖ против Мец во француската Лига 1.

Еден од најдобрите фудбалери во историјата има болки во коленото и затоа е одлучено да се прескокне гостувањето кај Мец. Во вторникот беше на скенер, а во четврток повторно ќе се снима, кога ќе се утврди сериозноста на повредата.

Досега, Аргентинецот одигра три натпревари за Парижаните откако пристигна од Барселона. Влезе како резерва против Ремс, го одигра целиот натпревар во Лигата на шампионите против Бриж, а потоа тренерот Покетино го замени на натпреварот против Лион, што предизвика големо незадоволство кај Меси.

Подоцна, Покетино истакна дека го сменил Меси токму поради повредата, бидејќи сакале да го спасат за претстојните натпревари.

Неизвесно е дали Меси ќе биде во тимот за дуелот против Монпелје во францускиот шампионат во сабота, а подоцна и за натпреварот од Лигата на шампионите против Манчестер Сити во вторник.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама