Меси: Гвардиола му нанесе голема штета на фудбалот

Фото: FC Barcelona’s coach Josep Guardiola reacts after Lionel Messi, from Argentina, scores against Sevilla during their Supercup final second leg soccer match at the Camp Nou stadium in Barcelona, Spain, Saturday, Aug. 21, 2010. (AP Photo/Manu Fernandez)
Фудбалерот на Интер Мајами и аргентински репрезентативец Лионел Меси изјави дека менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола „нанел голема штета на фудбалот“, бидејќи многу тренери се обидуваат да го копираат каталонскиот стручњак, пренесува шпански „Мовистар плус“.
Меси и Гвардиола работеа заедно од 2008 до 2012 година во Барселона. Многу експерти тврдеа дека Барселона го играла најубавиот фудбал во историјата на овој спорт.
„Гвардиола му нанесе голема штета на фудбалот. Сите мислат дека ќе биде лесно ако го копираат неговиот стил. Но секако дека не е така“, изјави Меси.
На прашањето дали мисли дека Гвардиола е најдобриот тренер во историјата на фудбалот, Меси одговори:
„Нема сомнеж дека Гвардиола е многу посебен. Посебно начинот на кој го гледа секој натпревар, подготовките за натпреварот и начинот на кој разменува тактики со вас“, истакна Меси.
Гвардиола беше тренер на Барселона од 2008 до 2012 година, а потоа од 2013 до 2016 година го водеше Баерн. Тој е менаџер на Манчестер Сити од 2016 година.



