SportM
Фудбал

Меси и Роналдо во ист клуб? Подгответе се за лето 2022 година!

Д М12 авг 2021
Меси и Роналдо во ист клуб? Подгответе се за лето 2022 година!

Првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи има спектакуларен план во кој следното лето ќе ги спои Лионел Меси и Кристијано Роналдо во овој клуб.

Шпанскиот весник АС тврди дека Ал Келаифи одлучил да го донесе Кристијано Роналдо летото 2022 година на местото на Килијан Мбапе на Паркот на Принцот.

Договорите на двајцата фудбалери истекуваат на 30 јуни следната година. ПСЖ е подготвен да се откаже од Мбапе, чиј сон е да игра за Реал Мадрид, а Роналдо би тргнал за ПСЖ.

Наводно, Ал Келаифи веќе преговара со агентот на Роналдо, Хорхе Мендеш, а Парижаните се подготвени да му понудат двегодишен договор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Меси и Роналдо во ист тим е нешто за што многумина сонуваа, а Ал Келаифи се чини дека е многу блиску до тоа да се оствари.

Шефот на ПСЖ вчера зборуваше за Мбапе и рече дека ќе остане во клубот.

“Мбапе е играч на ПСЖ и неговата иднина е јасна. Тој рече дека сака конкурентен тим. Дали може да биде поконкурентен? Нема повеќе оправдувања за да направиме ништо отколку да остане во клубот”, изјави Ал Келаифи.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.