Меси испратил текстуална порака до Гвардиола само неколку минути откако Ибрахимовиќ потпиша за Барса

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ во 2009. година пристигна од Интер во Барселона како големо засилување бидејќи беше еден од најдобрите напаѓачи во Европа во тоа време.
Ибрахимовиќ обезбеди одлични игри во Интер, а потоа во 2009 година реши да ја прифати понудата на Барселона и да признае дека секогаш сакал да игра во овој клуб. Швеѓанецот започна одлично и беше во одлична форма за првиот дел од сезоната, но сè се смени преку ноќ.
Одеднаш, Пеп Гвардиола реши да го премести Ибрахимовиќ на клупата, а наместо тоа, Бојан Кркиќ доби место во нападот, што во тоа време немаше никаква смисла. Веднаш беше очигледно дека има нешто лошо помеѓу Гвардиола и Ибрахимовиќ, а самиот Златан не знаеше што е проблемот.
Откако ја напушти Барселона и замина за Милан, Ибра рече дека Гвардиола никогаш не му кажал зошто повеќе не игра, и дека тој едноставно не можел да седи на клупата, додека другите под неговото ниво играле.
Во тоа време, имаше многу шпекулации дека Лионел Меси е исто така виновен за ипаднувањето на Ибра од првиот тим. Шпанските медиуми неодамна објавија дека Меси знаел дека Ибрахимовиќ ќе биде сериозна опасност пред да дојде во Барселона.
Меси веднаш испратил порака до Гвардиола кога слушнал дека Златан потпишал за Барселона и го прашал дали неговото место е сега загрозено.
Пеп се обиде да направи простор за двајцата, но очигледно тоа не беше можно. Одеднаш Меси започна да игра во врвот на нападот и Кркиќ на крилото, што воопшто не беше логично. Дотогаш беше јасно дека Ибрахимовиќ немаше што да бара во Барселона и тоа сигурно беше огромна грешка на Пеп Гвардиола.
Доволно е да се каже дека Ибра постигна 21 гол во дресот на Барселона на 45 настапи и најголемиот дел од вториот дел од сезоната го помина на клупата.



