SportM
Фудбал

Меси: Изгубив многу пријатели поради проблеми со комуникацијата

Д М22 мај 2021
Меси: Изгубив многу пријатели поради проблеми со комуникацијата

Лионел Меси пристигна во Барселона на само 13 години и со напорна работа и многу тренинг успеа да стане еден од најдобрите играчи на сите времиња.

Меси игра на врвно ниво 15 години и успеа да освои се што можеше со Барселона.

Тој пристигна во каталонскиот клуб во 2000 година од аргентинскиот Њуелс Олд Бојс кога беше уште момче и го започна своето патување во Ла Масија.

Сепак, јасно е дека не му било лесно затоа што бил толку далеку од семејството и пријателите, но тој знаеше дека не смее да се откажува толку лесно затоа што му беше дадена одлична можност што не доаѓа толку често во животот.

Во едно неодамнешно интервју, Меси зборуваше за губење контакт со многу пријатели од детството, бидејќи во тоа време, немаа сите мобилни телефони и социјални мрежи за да можат да зборуваат на дневна основа.

“Изгубив многу пријатели поради проблеми со комуникацијата. Денес, многу деца на возраст од 13-14 години имаат мобилен телефон, а јас можев да контактирам со пријатели само по пошта или телефон кога пристигнав во Барселона”, рече Меси.

Зимските и летните паузи Меси ги искористи за да замине во родното Росарио и да биде со своето семејство, но тој признава дека секогаш му е тешко кога да мора да го напушти градот во кој пораснал.

“Враќањето во Барселона по паузата ме растажува. Тешко ми е да го напуштам Росарио, а во исто време сакам да се вратам во Барселона и да продолжам да работам. Тоа е затоа што знаев дека нема да се враќам на секои 6 месеци“, вели Меси.

Ова интервју предизвика големо внимание во Аргентина и ја разбуди надежта на навивачите на Њуел дека Меси може да се врати во овој клуб.

Неговиот договор со Барселона истекува на крајот на оваа сезона и тој сè уште нема објавено одлука дали ќе остане или ќе замине.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.