Connect with us

Фудбал

Меси изведе перфектен слободен удар, па не можеше да поверува што направи (ВИДЕО)

Лионел Меси има постигнато многу неверојатни голови во својата досегашна кариера, а многумина велат дека моментално е најдобриот изведувач на слободни удари во светот.

Меси досега во кариерата постигна речиси 800 голови, а многу од нив беа вистински ремек-дела.

Аргентинецот многупати ја воодушеви фудбалската јавност со своите потези и голови во дресот на Барселона и репрезентацијата на Аргентина, поради што многумина го сметаат за еден од најдобрите играчи на сите времиња.

Дополнително, во претходните години многумина потенцираа дека Меси моментално е најдобар изведувач на слободни удари.

Меси постигна неколку фантастични голови од слободен удар, но еден се издвојува.

Имено, Меси на натпреварот против САД пред пет години постигна фантастичен гол од слободен удар, а неговите навивачи тврдат дека тоа е неговиот најсовршен гол од слободен во кариерата.

Меси беше милиметарски прецизен бидејќи погоди на страната каде што беше голманот, а немаше шанса да го запре ударот на Аргентинецот.

И реакцијата на Меси по голот вели дека и самиот бил изненаден колку добро го изведе тој слободен удар, кој секако е еден од најсовршените што сме ги виделе во претходните години.

Реклама

Facebook

Реклама