SportM
Фудбал

Меси, Мбапе и Холанд влегуваат во игра на Светското првенство

Редакција16 јун 2026
Меси, Мбапе и Холанд влегуваат во игра на Светското првенство

Светското првенство во фудбал 2026 продолжува со полна пареа со четири возбудливи натпревари што ги отвораат дуелите во групите И и Ј. Акцентот е на дебито на двата големи фаворити за трофејот – Франција и Аргентина, додека вниманието го привлекуваат и враќањата на Норвешка и Ирак на големата сцена по долга пауза, како и историскиот прв настап на Јорданија.

Франција го започнува походот по третата светска титула против Сенегал на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси од 22:00 часот. „Галските петли“, светски прваци во 2018 и вицешампиони во 2022, влегуваат во турнирот со големи амбиции и со ѕвезден состав предводен од Килијан Мбапе.

Веднаш потоа, од 01:00 часот во Бостон, следи специјален дуел за двете репрезентации: Ирак против Норвешка. Ирачаните се враќаат на светските финалиња по првпат од 1986 година, додека Норвешка, инспирирана од новата талентирана генерација предводена од Ерлинг Холанд, ќе настапи на Мундијал по пауза од 1998 година.

Кулминацијата на ноќта е во 04:00 часот, кога актуелниот светски првак Аргентина дебитира против Алжир на стадионот „Канзас“. Составот на Лионел Скалони, со капитен Лионел Меси, ја почнува кампањата во група Ј, при што во таборот на „гаучосите“ сè уште има мали дилеми околу почетната единаесеторка поради ситни физички проблеми на неколку играчи.

Денот се затвора во 07:00 часот со пресметката меѓу Австрија и Јорданија во Санта Клара. Овој натпревар го комплетира првото коло во група Ј и влегува во историјата како дебитантски настап на Јорданија на светските финалиња, дел од проширениот формат со 48 учесници.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.