Фудбал
„Меси мора да умре во Барселона!
Поранешниот аргентински тренер Алфио ‘Коко’ Басиле исто така ја коментираше можноста Лионел Меси да ја напушти Барселона.
Меси не така одамна побара раскин на договорот со Барселона, но потоа беше објавено дека клаузулата според која тој може еднострано да го напушти клубот истече, па единствената опција според која може да оди е некој да плати 700 милиони евра обештетување на Барса.
Не е многу реално тоа да се случи, а во последно време се чини дека имало целосен пресврт и аргентинскиот напаѓач може да остане во клубот во кој бил 20 години. Басиле, кој беше тренер на многу екипи во Аргентина и беше и селектор на таа земја, се согласува дека треба да остане таму.
“Би му рекол на Меси да остане во Барселона, тоа е неговиот тим и неговиот живот. Тој е роден таму и мора да умре таму”, рече Басиле и додаде:
„Можеби Барселона сега е полоша од порано, но тој сепак е извонреден играч”.
Според „Сфера Спорт“, Меси веќе подготвил официјално соопштение со кое се потврдува дека ќе остане во Барселона до крајот на сезоната.
Leo Messi YA HA GRABADO el comunicado en el que CONFIRMA su continuidad en el Barça, según le consta a fuentes cercanas a Sphera Sports. pic.twitter.com/TyKH7vwNby
— Sphera Sports (@SpheraSports) September 4, 2020