SportM
Фудбал

Меси му даде на Лапорта три барања што мора да ги исполни доколку сака тој да остане

Д М2 апр 2021
Меси му даде на Лапорта три барања што мора да ги исполни доколку сака тој да остане

Лионел Меси се уште нема донесено одлука дали ќе го продолжи договорот со Барселона на крајот од сезоната.

Договорот на Меси со каталонскиот клуб истекува на лето и тој ќе може да го напушти Камп Ноу како слободен агент доколку не се согласи да ја продолжи соработката.

Барселона се надева дека новиот претседател Жоан Лапорта ќе успее да ја промени ситуацијата и да го убеди Меси да остане во клубот. Лапорта има рок до 30 јуни да го реши ова бидејќи договорот на Меси истекува тој ден.

Шпанските медиуми наведуваат дека Лапорта и Меси многу брзо ќе одржат состанок на кој ќе разговараат за новиот договор, а наводно Аргентинецот веќе дал три услови што мора да бидат исполнети за тој да остане во клубот.

Првиот услов е клубот да донесе звучно засилување во нападот за да може да игра малку порелаксирано, а се чини дека може да бидат Серхио Агуеро или Ерлинг Халанд. Второто барање на Меси е играта на Барселона повторно да се базира на млади играчи од Ла Масија, а оваа сезона се покажа дека има многу потенцијал.

И, конечно, третото барање е Меси да биде во директен контакт со претседателот за да ги знае плановите и тактиките за водење на Барселона во наредниот период. Дали Лапорта ќе може да го исполни сето ова, ќе се знае наскоро.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.