Connect with us

Фудбал

Меси не сака да се врати во Барселона

Напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси се уште не планира да се врати во Барселона, пренесува Diario Sport.

Според изворот, Аргентинецот не ја разгледува оваа опција и се уште не сака да го напушти ПСЖ. Меси сака да ја освои Лигата на шампионите со парижаните и покрај тоа што се уште не е целосно адаптиран во новиот тим.

Меси во тековната сезона постигна само еден гол во шампионатот, синоќа во победата од 3:1 над Нант, а сепак е многу попродуктивен во натпреварите од Лигата на шампионите.

Се споменуваше дека поради враќањето на Чави би можел да се врати и Меси, но тој сега е фокусиран на ПСЖ и со оглед на тоа што има многу добар договор со Французите, тешко дека ќе има разделба во следните две години.

Навивачите на Барселона очигледно се надеваат дека Меси ќе го исполни ветувањето и ќе се врати на Камп Ноу.

Реклама

Facebook

Реклама