Меси, Нејмар и Суарез повторно заедно!

И покрај тоа што навивачите на Пари Сен Жермен неодамна протестираа пред неговата куќа барајќи од него да го напушти клубот, повредениот Бразилец Нејмар синоќа се појави на „Паркот на принцовите“ и го бодреше тимот кој го совлада Ајачио со 5:0 и се доближи до нова титула во француската лига.
Нејмар ја искористи можноста да му даде поддршка и на својот соиграч и пријател Лионел Меси, кој по суспензијата се врати во стартниот тим на парижаните, но беше исвиркан од домашните навивачи.
Нејмар го поддржа Меси заедно со Луис Суарез, кого го вклучи преку телефон, а на својот Инстаграм објави: „ Заедно го гледаме нашиот пријател “.
Меси, Нејмар и Суарез еднаш го сочинуваа големото напаѓачко трио на Барселона, а во 2015 година успеаја да ја освојат таканаречената „тројна круна“ – Лигата на шампионите, Ла Лига и Кралскиот куп.




