Connect with us

Фудбал

Меси преку факс побара раскинување на договорот!

Нови вести доаѓаат од Барселона, а сега еден од новинарите објави дека Лионел Меси дефинитивно побарал раскинување на договорот.

Шпанскиот новинар Алфредо Мартинез штотуку објави на Твитер дека Меси испратил факс до Барселона дека сака да го напушти клубот.

Аргентинскиот репрезентативец, наводно, сака да ја искористи клаузулата што му овозможува еднострано да го раскине договорот на крајот на сезоната, доколку не е среќен и задоволен и доколку чувствува потреба да го смени клубот.

И според се Меси сфати ова лето дека е вистинско време да го напушти „Камп Ноу“. По сите неуспеси и целосната реконструкција на тимот, што допрва треба да се случи, Аргентинецот го најави своето заминување.

loading...

Со нетрпение чекаме официјални информации, а Меси наскоро треба јавно да објави дека решил да ја напушти Барселона.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com