Фудбал
Меси продолжи да ги тероризира противничките голмани – погледнете како им даде голови на Њујорк Сити (ВИДЕО)

Лионел Меси продолжи да блеска во МЛС лигата и постигна нови два гола за Интер Мајами.
Интер гостуваше во Њујорк, а противник им беше Сити. Екипата од Мајами не покажа милост и победи со 4:0.
Во 43. минута, Меси беше асистент, а Балтазар Родригез погоди за 1:0. Во 74. минута, Меси покажа дел од магијата што го краси веќе 20 години. По одличната асистенција од Серхио Бускетс, Меси излезе сам пред голманот и рутински го префрли за 2:0. Откако Луис Суарез во 83. минута погоди за 3:0, само три минути подоцна повторно дојде ред на Меси.
Овој пат прошета низ одбраната и рутински го погоди подалечниот агол. Со тоа, Меси стигна до својот 24-ти гол и 11-та асистенција оваа сезона во МЛС, а ова му беше осми пат да заврши натпревар со два гола покрај своето име.