Меси промаши пенал, губеа 2:0, на крајот фантастичен финиш и пласман на Аргентина во четвртфинале

Египет не успеа да направи сензација. За само 14 минути испуштија победа против Аргентина, која со фантастичен финиш успеа да слави, иако губеше со 2:0 и да се пласира во четвртфиналето. Ибрахим во 15-та минута му донесе предност на Египет од 1:0. Десет минути подоцна Меси не реализираше пенал, втор пат на ова Светско првенство по оној промашениот против Австрија. Во 58-та Зико постигна гол за 0:2 за Египет, но по ВАР интервенцијата погодокот беше поништен поради прекршок.
Сепак, мрежата на Аргентина се затресе по втор пат и токму Зико го постигнува за 2:0.
Овој резултат беше актуелен се до 79-та минута, кога Ромеро намали на 2:1. Во тој момент Аргентина тргнува фуриозно, следува гол на Меси во 83-та за 2:2 и на Фернандез во судиското надополнување. Во четвртфиналето Аргентина го чека победникот од дуелот Швајцарија и Колумбија.



