SportM
Фудбал

Меси ретко се огласува на Инстаграм за шпекулациите во медиумите, но овој пат мораше да реагира

Д М9 апр 2020
Меси ретко се огласува на Инстаграм за шпекулациите во медиумите, но овој пат мораше да реагира

Аргентинските медиуми пред неколку дена објавија дека Лионел Меси ќе ја напушти Барселона и дека има голема шанса да ја продолжи кариерата во Интер.

Аргентинската телевизија ТНТ пред неколку дена објави дека веќе започнале преговорите меѓу Меси и лидерите на Интер, и дека не му пречи да ја продолжи кариерата во клубот од „Меаца“.

Исто така, истата телевизија вчера објави дека Меси е тој што платил 1,5 милиони евра за да го извади Роналдињо од затвор. Парите наводно биле платени во Барселона, поради што многумина дошле до заклучок дека Меси му помогнал на стариот пријател.

Познато е дека Меси ретко се огласува на социјалните мрежи во врска со шпекулациите во медиумите, но очигледно тој не можеше да молчи за некои работи што се напишани овој пат.

Меси објави дека сето ова е лажна вест и дека нема вистина за преговори со Интер или плаќање казна за Роналдињо.

„Прва лага и втора лага. Исто така, сакам да ги негирам наводите за Њуел, објавени од истите медиуми минатата недела. За среќа, никој не им верува во тоа што го пишуваат“, рече Меси.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.