SportM
Фудбал

Меси сака да го донесе трофејот на СП во Париз, не се среќни во клубот

Д М22 дек 2022
Меси сака да го донесе трофејот на СП во Париз, не се среќни во клубот

Како што пренесува веб-страницата Goal, Лионел Меси сака на Паркот на принцовите да го донесе трофејот наменет за светскиот шампион.

Фудбалерот на Пари Сен Жермен и од пред неколку дена светскиот шампион со Аргентина, Лионел Меси, побара од својот клуб да му дозволи да им го додели трофејот светски првак на навивачите на првиот следен меч на „Паркот на принцовите“.

Од клубот не се воодушевени од ова барање, а како што се наведува, не се ни сигурни дека тоа е добра идеја со оглед на тоа што Аргентина во финалето ја победи Франција и се сомнева дека реакцијата на навивачите би била негативна.

Покрај сето тоа, тука е и фактот што соиграчите на Меси од репрезентацијата по победата го исмеваа Килијан Мбапе, а Меси веќе доби бројни критики за молчењето на однесувањето на голманот Емилијано Мартинез кон својот млад соиграч.

На социјалните мрежи кружи и фотографија од еден бар во Париз кој од ѕидовите го тргнал дресот на ПСЖ со името на Меси и сега го користи како черга пред влезната врата, додека до него стои белешка за гостите „Да не заборават да ги избришат чевлите пред да влезат во кафеаната“.

Пари Сен Жермен ја продолжува сезоната со дуелот против Стразбур на домашен терен на 28 декември.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.