Поврзи се со нас

Фудбал

Меси славеше синоќа, но накратко, ВАР беше немилосрден и кон него (ВИДЕО)

Аргентина ремизираше 1:1 против Парагвај во натпреварот од јужноамериканските квалификации за Светското првенство.

Во Буенос Аирес беше 1:1 во мечот од 3.коло на квалификациите за Светското првенство во Катар. Аргентина навистина имаше далеку поголем посед на топка, поголем број на создадени прилики, но и недостаток на среќа, па по две победи пристигна првиот „неуспех“.

Анхел Ромеро ги доведе Парагвајците во водство во 21-та минута по ударот од белата точка. Домаќините тогаш нападнаа, и израмнија со голот на Ноклас Гонзалес во 41. минута, кој погоди со глава по удар од аголот.

Прославата започна во 58-та минута кога Лионел Меси погоди за пресврт, но судијата, по консултација со ВАР, му го поништи голот на напаѓачот на Барселона, бидејќи на почетокот на акцијата еден од неговите соиграчи му ја одзеде топката на репрезентативецот на Парагвај, но топката заврши во аут.

Аргентина имаше две или три шанси до крајот, но Парагвај се одбрани и стигна до второто реми, и со пет бода е четврти на табелата.

 

loading...

Facebook