Меси во центарот на вниманието: Барселона го провоцира Реал Мадрид пред Ел Класико

Барселона и Реал Мадрид во сабота ќе го одиграат едно од најголемите дерби на светот во седмото коло од Ла Лига.
Првото Ел Класико оваа сезона се игра од 16 часот на „Камп Ноу“, но јасно е дека овој натпревар нема таков шарм како во претходните сезони. Но, судирите меѓу Барса и Реал Мадрид се секогаш спектакл и сигурно е дека така ќе биде и во сабота.
Престрелките на социјалните мрежи околу овој натпревар веќе започнаа меѓу навивачите на овие клубови, но сега и Барселона реши да го „запали“ кралскиот клуб.
Тие објавија фотографија од Лионел Меси од денешниот тренинг и јасно ставија до знаење дека тој е крал на Ел Класико.
Ова не им се допадна на навивачите на Реал Мадрид, а секако многумина изјавија дека Кристијано Роналдо е далеку подобар од Меси. Но Меси е навистина крал на овој дуел затоа што на овие натпревари постигна дури 26 гола, што е далеку повеќе од кој било во историјата.



