SportM
Ракомет

Мигел Еспиња на голот на РК Вардар

Редакција19 јул 2024
Мигел Еспиња на голот на РК Вардар
Во новата сезона на голот на Вардар како засилување доаѓа искусниот Мигел Еспиња Фереира (30) кој потпиша договор со клубот на една година со можност за продолжување. Фереира доаѓа од АСОБАЛ лигата, а ќе му биде колега на Васил Гогов кој исто така останува меѓу „црвено-црните“.
Фереира потекнува од Бенфика и долго време беше дел од првиот и вториот тим на клубот од Лисабон, а бранеше и во Мануел Пасос и Белененсес, пред да стане интернационалец. Во 2020 замина во Шпанија, каде што настапуваше за Уеска една сезона, потоа две години мина во францускиот Сесон Рен, а лани се врати во Асобал и една сезона мина во Сиудад Енкантада Куенка.
Тој ќе им се приклучи на подготовките на тимот и ќе се подготвува за првите два турнири на кои Вардар ќе настапи, во Струга и во Охрид.
Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.