Микел Артета реши да одговори на Обамејанг

Пјер-Емерик Обамејанг ја засили Барселона во последниот ден од јануарскиот преоден рок.
Габонскиот напаѓач беше во војна со Микел Артет и Арсенал, па во последните моменти најде клуб каде ќе игра.
„Единствениот проблем беше со Артета. Навистина не можам да кажам многу. Тој не беше среќен и тоа беше тоа. Не можам да кажам ништо друго. Ниту јас не бев среќен и вака е подобро“, рече Обамејанг на презентација на каталонски тим.
Тренерот на Арсенал сега му одговори на својот поранешен напаѓач:
„Тоа е неговото мислење. Тој го кажа тоа и ние мора да го почитуваме тоа. Благодарен сум за она што го направи Обамејанг во клубот и за неговиот придонес откако сум тука. Не се гледам себеси како проблем во таа врска, туку како решение. Бев 100% решение и можам да ги гледам сите во очи“, изјави Артета.
Шпанскиот стручњак заклучи и дека не треба да се гледа во минатото, туку да се сврти кон иднината.



