Милан беше одличен, но не победи: Јуве со пенал избегна пораз
Д М13 фев 2020

Девеесет минути игра не беа доволни за победник на Сан Сиро, Милан и Јувентус одиграа 1:1.
На првиот полуфинален натпревар помеѓу Милан и Јувентус кој се играше на Сан Сиро, видовме одлична игра од страна на двете екипи.
Милан одлично играше, уште во првото полувреме покажа силна желба за победа, беа подобри, но сепак не успеаа да постигнат гол.
Во второто полувреме, Јувентус за разлика од првото покажа подобра игра, но сепак Милан преку Ребиќ во 61. минута го отвори резултатот.
Се беше одлично за Милан се до 71. минута кога Тео Хернандез доби втор жолт картон, а Милан остана со играч помалку.
Јувентус со голот на Роналдо од пенал, во првата минута од судиското надополнување избегна пораз на Сан Сиро.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



