Connect with us

Фудбал

Милан ги „раздрма“ Апенините со објавата на Твитер: Сите веднаш разбраа за што станува збор!

Published

on

Златан Ибрахимовиќ се врати во Милано на почетокот на 2020 година и тоа беше полн погодок за „росонерите“.

Ибрахимовиќ иако има 39 години, сепак игра во неверојатна форма, а тој е еден од најдобрите играчи во Милано по враќањето на „Сан Сиро“.

Тој најпрво потпиша договор на половина година, но откако одлично се снајде во вториот дел од минатата сезона, клубот му понуди соработка и за оваа сезона, која Златан реши да ја прифати.

Шведскиот напаѓач игра навистина добро и оваа сезона, поради што по пет години се врати во репрезентацијата на Шведска.

Ибрахимовиќ имаше договор до крајот на оваа сезона, но „росонерите“ сфатија дека не смеат да го пуштат ова лето.

Милан му понуди договор на Ибрахимовиќ до летото 2022 година, а како што стојат работите, сè е веќе готово. Росонерите со одличен пост „навестија“ на Твитер дека договорот е веќе потпишан и дека Ибрахимовиќ ќе остане, а тоа го објавија многу медиуми на Апенините.

Многумина веднаш сфатија дека Милан сака на овој начин да даде до знаење дека Ибрахимовиќ потпишал нов договор, а наскоро се очекува и официјално соопштение.

Facebook