SportM
Фудбал

Милан го доби најголемото можно засилување пред дербито против Јувентус

Д М10 ное 2018
Милан го доби најголемото можно засилување пред дербито против Јувентус

Милан ремзираше против Бетис во Лигата на Европа, а пред Росонерите има нов голем предизвик во недела – натпревар со Јувентус.

Дербито од 12. коло на Серија А започнува во 20:30, а Гонзало Игуаин на „Сан Сиро“ ќе ги одмери силите со неговите поранешни соиграчи.

Всушност, Игуаин добро се опоравува од повредата поради што го пропушти натпреварот со Бетис, но тој се врати на тренингот и треба да биде подготвен за натпреварот против Јуве, што во овој момент е најголемо можно засилување за тимот на Гарусо.

Гонзало Игуаин пристигна од Јувентус во Милан, ова лето.

Исто така, треба да се додаде дека Милан има многу проблеми со играчите, па Биглиа, Калдара и Бонавентура се надвор од теренот, додека под знак прашалник се Калабрија, Мусакио, Чалханоглу и Кутроне.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.