SportM
Фудбал

Милан го победи Интер во трката за потпис на дефанзивец!

Редакција14 авг 2025
Милан го победи Интер во трката за потпис на дефанзивец!

Дефанзивецот на Џенова, Кони де Винтер, потпиша договор со Милан, објави официјалната веб-страница на клубот од Милано.

Договорот со 23-годишниот Белгиец е со важност до летото 2030 година.

Порталот „Transfermarkt“ го проценува трансферот на 20 милиони евра.

Де Винтер играше за Џенова од летото 2024 година, откако се пресели од Јувентус. Во сезоната 2024/25, фудбалерот постигна три гола на 26 натпревари. До пред неколку дена дефанзивецот се спомнуваше како засилување за Интер, но очигледно дека „Нероаѕурите“ ја загубија трката за неговиот потпис.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.