SportM
Фудбал

Милан комплетираше феноменален трансфер!

Д М29 јул 2022
Милан комплетираше феноменален трансфер!

Милан комплетираше феноменален трансфер.

 

21-годишниот Белгиец Шарл Де Кетелаере е новиот играч на Росонерите и ќе потпише петгодишен договор со актуелниот шампион на Италија.

 

Долго траеја преговорите меѓу Клуб Бриж и Милан за овој офанзивен играч за врска. На крајот пропадна договор за трансфер вреден 35 милиони евра.

Де Кетелаере во текот на викендот ќе пристигне во Милано на лекарски прегледи и во понеделник ќе биде претставен како нов член на италијанскиот шампион.

 

Многумина овој 21-годишник го нарекуваат наследник на Кевин де Брујн, а тој е навистина феноменален талент кој блесна во редовите на Клуб Бриж.

Во изминатите три сезони за овој белгиски клуб одигра 120 натпревари и постигна 26 гола.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.