SportM
Фудбал

Милан не победи, ама голот на Леао, без коментар (ВИДЕО)

E R26 фев 2024
Милан не победи, ама голот на Леао, без коментар (ВИДЕО)

Фото: tv21m

Милан одигра 1:1 на домашен терен против Аталанта, па се чини дека го губи здивот во трката за титулата со Интер. Во моментов „Росонерите“ имаат дури 13 бодови помалку од лидерот Интер и натпревар повеќе. Иако Милан не победи, сепак сите зборуваат за голот на Леао за 1:0. Прекрасен продор, во негов стил, и откосо шутираше неодбранливо. Ова е верувале или не прв гол на Леао по пауза од четири месеци. Португалецот има постигнато голови во ЛШ и ЛЕ, во Купот, но во Серија А последен пат ја погодил мрежата кон крајот на октомври месец во 2023-та година против Верона за победа од 1:0.


Standings provided by Sofascore
Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.